Специјална торта
Состојки
- Пандишпан
- 6 јајца
- 12 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 паковка ванилен шеќер
- Крем 1
- 2 паковки пудинг од шумско овошје
- 500 мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 1 паковка путер
- 200 гр шеќер во прав
- 3 лажици свежи боровинки
- Крем 2
- 2 паковки пудинг од ванила
- 500 мл млеко
- 125 гр путер
- 100 гр шеќер во прав
- 200 мл слатка павлака
- Глазура
- 300 гр боровинки
- 150 мл вода
- 100 мл сок од боровинки
- 50 гр шеќер
- 1 паковка тортенгуст ( или пудинг од ванила)
Подготовка
Да ве почестам со оваа прекрасна торта.
Има лесен освежителен вкус кој го доби од боровинките.
Пандишпан
6 јајца се матат пенесто со 12 лажици шеќер.
Се исклучува миксерот и се додаваат 6 лажици брашно.
Во брашното се помешани ванилниот шеќер и пецивото.
Печеме во ростер тавата повремено проверувајќи со чепкалка колку е печено.
Печениот пандишпан го оставаме да излади.
Го подготвуваме филот
2 пудинга од шумско овошје ги разматуваме и ги вариме во 500мл млеко.
(вариме во касерола )
Додека да излади пудингот пенесто го матиме путерот со шеќерот во прав, а потоа ги смешуваме двете состојки, добивајќи прекрасен крем.
Вкусот на кремот го збогатуваме со додавање на 3 лажици свежи боровинки.
Добиваме прекрасна боја на кремот и вкусот е освежителен и лесен.
Вториот крем го подготвуваме на следниот начин.
Ја матиме слатката павлака додека ја добие потребната густина.
Вариме два пудинга од ванила изладени ги миксираме со 125 гр путер и 100 гр шеќер во прав.
Ја додаваме слатката павлака и добро промешуваме.
Ја редиме тортата
Пандишпанот како подлога оди прв. Премазот од ванилниот крем го нанесуваме, а потоа го збогатуваме со мини кроасанчињата. Кремот со боровинки го распостиламе врз кроасанчињата пополнувајќи ги сите празнини, ако воопшто ви останале. Ја премачкуваме цела торта, а потоа во целост ја затвараме со бисквити.
Во оргиналниот рецепт стои дека треба целата торта да се прелие со еурокрем, но јас сметав дека подобро ќе се вклопи една мала глазура со овошно полнење за да ја освежи тортата и да не биде премногу блага.
Затоа подготвив една глазура со која ја полеав површината на тортата а страничните делови ги премачкав со разматената слатка павлака. Украсив по мој вкус, што не значи дека и вие морате така.
Сега да објаснам за глазурата.
100мл сок од боровинки
150мл вода
50гр шеќер
300 гр боровинки
1 паковка тортенгуст ( можете да ставите и пудинг од ванила или густин )
Сето ова се промешува додека не почне да згуснува, а потоа се прелева врз тортата.
Тортата нема јак благ вкус,туку е нежно кремаста варијанта.Ние се почестивме,останува на вас да кажете како ви се допадна.
На здравје.
Забелешка
Во оргиналниот рецепт немаше боровинки. Јас ги додадов помоја желба.
Затоа, не морате да ставите овошје додека ја подготвувате тортата, но ќе треба да ја премачкате со еурокрем цела површина.
Нека ви е слатко.