Обланда бомбици
Состојки
- 200гр. обланда со фил од лешници
- 100гр. чоколадо со лешници
- 100гр. мелени ореви
- 50гр. горко чоколадо
- 1 лажица масло за јадење
Подготовка
1. Обландата сомелете ја.
2. Чоколадото со лешници и горкото чоколадо растопете ги на пареа со 1 лажица масло за јадење.
3. Во растопеното чоколадо додајте ја обландата и пола од мелените ореви, промешајте додека смесата не стане хомогена.
4. Од смесата формирајте бомбички и фалкајте ги во преостанатите мелени ореви.
Излегуваат 15 бомбички.