Испечати

Ролат од мелено месо со сланина и моцарела

Ролат од мелено месо со сланина и моцарела

Состојки

  • 1кг мелено мешано месо
  • 200 гр сланина може и димена на дрва
  • 1 или 2 јајца
  • сол, бибер, мешан зачин, црвен пипер
  • по вкус иситнет лук
  • 1 парче стар леб
  • по потреба моцарела
  • малку презла

Подготовка

Во меленото мешано месо се додава едно до две јајца, малку бибер, мешан сув зачин, црвен пипер, иситнет лук или рачно или преку преса за лук, малку презла или натопена кришка стар леб и сето тоа се замесува, а откако ќе се изедначи смесата, се остава да отстои три часа во фрижидер или уште подобро цела ноќ во ладилникот.
Мешаното мелено месо го дели на две еднакви половини. Едната ја расукувате на алуминиумска фолија како тесто и врз неа редите парчиња сланина и парчиња моцарела сирење. Потоа го додавате и втората половина мелено месо и ја повторувате постапката со сланината и моцарелата и ролувате. Така свиткан ролатот го пакувате во фолијата и така затворен го печете околу 40 минути на 220 степени. Се пече во ростер тава. Го отворате и ја отстранувате фолијата и печете уште 30 минути на истата температура. Сечете резанки од ролатот и можете да го послужите со пире и соодветен сос или пак со било кој друг гарнир.