Макарони со богат сос (пилешко, печурки, домати и павлака)
Состојки
- 500 гр макарони или шпагети
- 250 гр пилешки стек
- 250 гр свежи шампињони
- 500 мл пире од свежи домати
- 1 главица кромид
- 1 пиперка
- 1 морков
- 200 мл кисела павлака
- зачини сол, сушен зачин, оригано, бибер, шеќер
Подготовка
Прво во сецко ги сецкаме кромидот, пиперката и морковот и ги ставаме на малку масло да се пржат. Потоа го додаваме сецканото на коцки пилешко месо да се пржи, кога е при крај ги додаваме и сецканите печурки да се пржат. Кога се ќе се испржи убаво, го додаваме и доматното пире. Потоа зачинуваме по желба и не заборавајте го шеќерот кој го додаваме во количина во зависнсот од киселоста на доматите ( ставајте по малку и пробувајте) од една мала до една голема лажица. Оставаме на тивко да врие дури да се згусти. Кога е при крај ги вариме и макароните во поголема количина вода со малку сол. Потоа кога се готови (ал денте) ги цедиме и веќе згуснатиот сос го истураме во тенџерето со макароните и мешаме подолго време на рингла на тивко да се спојат со сосот убаво. На крај ја додаваме киселата павлака. И повторно убаво промешуваме.
На здравје!