Испечати

Посна слатка погача Фанурија

Посна слатка погача Фанурија

Состојки

  • 300 мл вода
  • 4 лажици кафен шеќер
  • 1 ванила
  • 1 коцка квасец
  • 80 мл масло
  • 1-2 лажици крстена вода со темјан
  • 600-700 гр брашно
  • 150 гр мармалад
  • 1 кора од непрскан лимон

Подготовка

Денес 09.09 е Празник Св.Фанурија
Посебно го слават во Прилеп и Битола.
По тој повод се прави посна погача која треба да биде составена од 9 состојки.
Во некои делови на Грција исто многу се слави и погачата се дели на 9 фамилии.
Е јас утрово ја направив за здравје, среќа и исполнување на желби во семејството.
Денес мојот постар син ја бранеше Дипломската работа на Економски факултет Скопје, па ете за негова среќа нека биде.

Во млаката вода се става квасецот со шеќерот и малку брашно да се активира.
Се додаваат сите останати состојки (освен мармаладот) и се замесува тесто понамеко.
Се остава да кисни 15 минути.
Се дели на 3 дела-2 исти и еден помал за декорација.
Од едниот дел се сучи кора се премачкува со пекмез и се витка ролат.
Се сече на триаголници и се редат на краевите на округла тава на Делимано.
Во средината се става другиот дел, врз него се става плетенка од тесто, се прават декорации по желба и се остава да кисни 15 минути.
Се печи 30 мин на 180 степени.