Чорба од морков и леќа со ким
Состојки
- За чорбата
- 2 лажици ким
- 1 главица кромид
- 400 гр. морков
- 100 гр. црвена леќа
- 100 мл. павлака за готвење
- по вкус сол, бибер, масло
- За лепчињата
- 1 лажица ким
- 300 гр. брашно
- 300 гр. цврст јогурт
- по вкус сол
Подготовка
Подготовка на чорбата
За подготовката на оваа чорба, најпрво се потпекува кимот на оган без додавање на масло. На тој начин се ослободуваат етеричните масла од кимот и и даваат прекрасен вкус на оваа чорба. Потпечете ги сите 3 лажици одеднаш, 1-та е за чорбата, 2-та за посипување, а 3-та за лепчињата.
Кога ќе почнат да поскокнуваат семките и кога ќе го осетите мирисот на кимот, тогаш се готови. Во тенџерето оставете само една лажица ким, додадете масло, сецкан кромид и се запржете додека кромидот не омекне.
Потоа се додава ренданиот морков (на крупната страна на рендето) и тој се запржува.
На крај се додава леќата, се налева со вода (или супа) и се остава да се вари додека не се свари леќата. Не додавајте многу вода, само колку што е доволно да се свари леќата.
Кога е готова, испасирајте ја чорбата и сега додадете дополнително вода зависно од тоа колку густа чорба сакате. Додадете павлака, сол и бибер, оставете ја чорбата да проврие и може да ја служите. Послужете ја заедно со лепчињата со ким.
Подготовка на лепчињата
Од наведените состојки замесете меко тесто и оставете го да одстои 15-20 мин. Ако ви е потребно дополнително брашно, додадете меѓутоа внимавајте тестото да остане меко. Потоа поделете го го отприлика на 6-8 делови, расукајте ги на дебелина 3-4 мм и печете ги во тава за палачинки без масло.