Домашна пилешка супа со јогурт
Состојки
- 100гр. пилешко месо
- 0,500 л вода
- 1 морков
- 200гр фиде(буквички супа за деца)
- 100мл јогурт
- 1 мало кромидче
Подготовка
Месото го цепкаме на парчиња.(мене ми беше претходно сварено)
Морковот и кромидот ситно ги сецкаме. Во тенџере на оган ставаме 500 мг вода и се заедно ставаме да се вари. Заедно и буквите за супа.
Откако ќе се свари супата, се додава јогуртот. Ако сакате можете јогуртот да си го додадете во чинијата ако не сака некој јогурт. Се додава и малку бибер и магданос.