Наједноставната салца по рецепт на Суска
Состојки
- по потреба домати
- прстофат (по потреба) сол
- прстофат (по потреба) шеќер
- неколку капки (по потреба) алкохолен оцет
Подготовка
Мајка ми со години ја подготвува, па речиси и да не купуваме доматно пире, салца, сосови... Ја користиме за сосови за тестенини и месо, при подготовка на пици и чорби... Оваа година направив од 20 кг домати, но се ми се чини дека ќе ни биде малку...
Еве го наједноставниот рецепт на светот:
Доматите убаво се мијат и чистат (не се лупат), па се блендираат. Се ставаат во тегли или шишиња со широк отвор, се додава прстофат сол, прстофат шеќер и само неколку капки алкохолен оцет. Убаво се затвораат теглите и се редат во рерна. Се подготвуваат на 120 степени, околу 1,5 час. Потоа рерната се гаси, а теглите се оставаат до наредното утро. Другиот ден се вадат од рерната, а од кога ќе се оладат се редат во шпаjз, подрум или во фрижидер.