Испечати

Мисиркино во сос

Мисиркино во сос

Состојки

  • 2 мисиркини копани
  • 2 јајца
  • 7-8 лажици пченкарно брашно
  • 2 лажици сенф
  • сос
  • 300гр кисело млеко
  • 2 лажици брашно
  • 100гр маргарин или зејтин
  • 200гр шампињони
  • 1 лажица зачин
  • 1 лажица рузмарин

Подготовка

Копаните се ставаат да се сварат со 1 лажица сол. Од како ќе се сварат им се одстранува кожата и се двојат на парчиња. Од врвот на копанот излегуваат рскавици и најубаво се двојат така парчиња. Парчињата месо се ставаат во подлабок сад и убаво се мешаат со сенфот да зафати од сите страни.
Едно по едно се валкаат во пченкарното брашно, па во изматените јајца и се пржат на загреан зејтин.
сос
Маргаринот или зејтинот се става да се загрее. Се додаваат печурките и се пропржуваат 10 минути. Кон испржените печурки се додава брашното, се запржува и се налева со киселото млеко. Се меша убаво додека зоврие и по потреба ако е густ сосот се налева водичка. Сосот се зачинува со зачин и рузмарин и се трга настрана, се покрива со капак и се остава 2-3 минути да се почувствува мирисот на рузмаринот. Се сервира по желба-може да се прелие месото, а може и посебно да се задржи крдкавоста на похованите копани.