Испечати

Супа од препелица

Супа од препелица

Состојки

  • 1 препелица
  • 1 компир
  • морков, пиперка, лук , магдонос
  • 1 лажица сол, малку бибер
  • 1 јајце од препелица и лимон

Подготовка

Уште ја нарекувам и здравје во чинија. Ова ми је основа на секоја домашна супа со или без месо. Доколку е без месо додавам млада коприва или блитва.
Месото и зеленчукот ги ставам добро да се сварат. Месото го чистам од коска, го сецкам, а зеленчукот го пасирам. Ги враќам назад во тенџерето и додавам зачини, сол, магдонос. По десетина минути ја тргам супата настрана и матам јајце во кое постепено го додавам сокот од лимон, а потоа и капка по капка од супата. Откако ќе ги соединам добро ги додавам во тенџерето. Така јајцето не прави грутки...
Секогаш како прилог имаме сецкано лукче со магдонос, јаболков оцет, маслиново масло и малку вода.

Совет
Малку ѓумбир и куркума во супата го јакнат вашиот организам во сезоната на грип и настинка