Испечати

Леб со мак и сусам (рецепт за пекач)

Леб со мак и сусам (рецепт за пекач)

Состојки

  • 400 гр бело брашно
  • 350 гр интегрално пченично брашно
  • 400 мил млака вода
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица мак
  • 1 лажица сусам

Подготовка

Во садот ставете ти прво водата, маслото, потоа солта, шеќерот, семињата, квасецот и на крајот брашното. Изберете програма за интегрален леб, најмалку печен. На крајот од печењето лебот завиткајте го во мокра крпа, а потоа во пластична фолија или кеса. Доколу користите само бело брашно, ставете 20-30 мил помалку вода.