Средство за заштита од комарци
Состојки
- 250 мил јаболков оцет
- 1 лажица лаванда
- 1 лажица рузмарин
- 1 лажица мајчина душица
- 1 лажица жалфија
Подготовка
После неколку неуспешни обиди, конечно, најдов нешто што нема хемија, а е одлична заштита од убоди од комарци. Ова ни е прво патување од кое се вративме без малечката да ни биде искасана, па иако летото е при крај го објавувам рецептов, можеби некому ќе се најде за догодина.
Билките ставете ги во стаклена тегла и прелијте ги со јаболковиот оцет. Затворете ја теглата и оставете ја на собна температура околу 2 седмици. Потоа процедете и чувајте во стаклен сад. Пред употреба ставете ја течноста во шише со распрснувач во кое до половина сте наполниле вода. Ете, толку е едноставно!