Крем чорба со пченка и ѓумбир
Состојки
- 500гр. пченка од конзерва
- 1 лажичка брашно
- 25гр. путер
- 300мл. млеко
- 200мл, вода
- мало парче свеж ѓумбир
- 1 мала главица кромид
- 6 гранчиња магдонос
- малку морско оревче
- по потреба сол, црн бибер
Подготовка
Во тава на оган ставете ја пченката со 10гр. путер.
Пржете ја 5-10 минути на среден оган.
Одвојте 4 лажици од пропржената пченка, а другата изблендирајте ја.
Во касерола ставете го останатиот путер да се растопи.
Додајте го ситно сецканиот кромид и брашното и пржете околку 2-3 минути.
Потоа во касеролата додајте ја блендираната пченка, целите зрна пченка, претходно загреаното млеко и вода, ренданиот ѓумбир, малку морско оревче, сол и бибер.
Оставете да проврие околу 10 минути.
На крај додајте го сецканиот магдонос и послужете со препечено лебче.