Испечати

Риба со презла

Риба со презла

Состојки

  • 1кг ослич
  • 1-2 јајца
  • 50гр брашно
  • 1 лажиче сол и зачин
  • 100гр. презла

Подготовка

Рибата убаво ја чистиме од перките и лушпите. Брашното го мешаме заедно со солта и зачинот. Јајцето го разматуваме. Прво рибата ја валкаме во брашното со зачин и сол потоа во јајцето, па во презлата. Така повторуваме со сите парчиња риба. Се пржи на потивок оган за презлата да не изгори.