Руска Шарлота
Состојки
- 2 ролати
- 1 паковање слатка павлака
- 2 пакетчиња желатин
- 200-300гр овошје по вкус (малини, модри сливи, вишни.праски)
Подготовка
Ролатите ги сечеме на кругови. Во длабок сад ставаме најлон фолија и ги редиме ролатите на дното и околу садот. Во посебен сад ја матиме слатката павлака со желатинот. Овошјето го сецкаме ситно и го додаваме во изматената слатка павлака. Цело го истураме во садот врз ролатите. Ставаме во замрзнувач да се стврдне тортата. Подобро да се направи еден ден претходно за убаво да се стегне. Потоа го превртуваме садот и ја вадиме тортат од садот ја вадиме и фолијата.