Испечати

Едноставен тробоен колач

Едноставен тробоен колач

Состојки

  • Пандишпан
  • 7 белки
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно
  • на врв на лажичка пециво
  • Фил 1
  • 500мл. млеко
  • 7 жолчки
  • 2 пудинга од ванила
  • 3 лажици шеќер
  • Фил 2
  • 500мл. млеко
  • 2 пудинга од шумско овошје
  • 3 лажици шеќер
  • Други состојки
  • 1 маргарин
  • 250гр. шеќер во прав
  • 350мл. слатка павлака
  • 80гр. чоколадни капки

Подготовка

Пандишпан
Во сад за матење ставете ги белките и шеќерот.
Откако убаво ќе се изматат додајте го постепено брашното измешано со пецивото и внимателно мешајте со дрвена лажица.
Смесата претурете ја во правоаголен плех, претходно намрснет и посипан со брашно.
Печете на 180 степени додека благо порумени. За да сте најсигурни дека е печена проверете си со чепкалка.

Фил 1
Измешајте го пудингот со шеќерот и малку од млекото.
Останатото млеко ставете го да се загрее.
Откако ќе дојде до степен на зовривање ставете ги постепено жолчките и мешајте постојано. Додајте го и растворениот пудинг и мешајте додека се згусти.

Оставете го филот да се олади.

Фил 2
Растворете го пудингот и шеќерот со малку млеко.
Останатото млеко оставете го да се загрее, па додајте го растворениот пудинг.
Мешајте додека се згусти, а потоа тргнете од оган и оставете да се олади.

Маргаринот изматете го со шеќерот во прав.
Поделете го на 2 дела.
Едниот дел ставете го во првиот фил, а другиот дел во вториот фил.

Изматете ја посебно и слатката павлака.

Врз оладениот пандишпан ставете го првиот фил, потоа вториот фил и на крај изматената слатка павлака.
Посипете со чоколадни капки и оставете го колачот неколку часа во фрижидер.