Пикантна супа од брокула
Состојки
- 350 гр брокула
- 1 луто пиперче (чили)
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1/2 лажиче црн мелен бибер
- 1 голем црвен кромид
- 3-4 чешниња лук
- 200 мл говедски бујон
- масло по потреба, за запржување
- 2 кришки сечкан леб на коцкички
- 20-30 гр рендан кашкавал
Подготовка
За љубителите на брокула еве интересна супа која ќе ви го поткрене расположението, а и енергијата.
1. Лукчето, кромидот и пиперчето ситно ги сечкаме и ги ставаме на масло да се пропржат.
2. Ја додаваме брокулата исцепкана на парчиња. И неа ја пропржуваме, кратко време, колку малку да омекне.
3. Сите состојки го ставаме во тенџере на оган, налеваме 1 литар вода и говедски бујон и вариме до омекнување на брокулата.
4. Потоа цела смеса ја блендираме, ја враќаме на оган, зачинуваме, малку да поврие супата, да се поврзат вкусовите и супата ни е готова.
5. Сервираме со потпечени коцки леб, кое претходно со рендан кашкавал врз нив сме ги потпекле во рерна.
Ако немате чили користете друга врста на пиперчиња, јас сега користев везени пиперки.