Брза погача (Брзи кифли)
Состојки
- 4 шоли од 200 мл. брашно
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
- 200 мл. млака вода
- 200 мл. јогурт
- 1 коцка (40гр.) квасец
- 100 мл. масло
- 1 јајце
- 1 белка од јајце
- 200 гр. сирење
- по желба салама сецкана, маслинки, магдонос
Подготовка
Во длабок пластичен сад ќе ставите 4 чаши (од 200 мл.) брашно, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, ќе направите длабнатина и во неа ке ставите 200 мл. млака вода, 200 мл. јогурт, 1 коцка квасец (40 гр), 100 мл зејтин, 1 јајце и 1 белка. Сето ова убаво ќе го изматите со миксер и на крај ке додадете 200 гр. рендано сирење. Може да се додаде и сецкана салама, маслинки, магдонос. Се истура во подмачкано тавче за печење, се мазни убаво, па се премачкува со преостаната жолчка малку растворена во вода. Се посипува со сусам. Врз него се ставаат неколку кочкицки колку ноктот маргарин. Се остава 30 мин да се активира квасецот и потоа се печи во предходно загреана релна на 200 степени околку 20 мин.
Добар апетит!