Бомбици со урда и кокос
Состојки
- 400 гр несолена урда
- 250 гр шеќер во прав
- 300-350 гр кокос
- 1 супена лажица рум
- 2 супени лажици какао
Подготовка
Урдата се меси со шеќерот, потоа се додава кокос, во зависност од тоа колку е сува урдата толку и кокос оди. Mене ми беше потребно околу 330 грама. Потоа се додава и румот и смесата се дели на два дела. Во едниот дел се додава какао и убаво се меша. Двете смеси се оставаат 15 минути и потоа се оформуваат бомбици и се валкаат во кокос и чоколадни трошки по желба. Се оставаат во фрижидер да се изладат.
На здравје !!!