Испечати

Чорба од ослич и кромид

Чорба од ослич и кромид

Состојки

  • 1кг ослич
  • 3 главици кромид
  • 2 зелени пиперки
  • 1 супена лажица црвен пипер
  • 100 мл масло
  • 2,5 л вода
  • сол, зачин
  • 1 супена лажица оцет

Подготовка

Кромидот ситно се сецка и се пржи на маслото, потоа се додава исчистената и исецкана на ситно риба и се динста 10 минути. По 10 минути се додава пиперката исецкана на ситно, црвен пипер и се налева со вода, се посолува по вкус. Пред крајот се додава и оцедот и се остава да се вари уште 5-6 минути.
На здравје !!!