Испечати

Гарам масала (зачин)

Гарам масала (зачин)

Состојки

  • 1 лажица ким
  • 1 и пол лажиче кориандер
  • 1 и пол лажиче црн бибер
  • 1 и пол лажиче кардамом
  • 1 лажиче цимет
  • 1/2 лажиче каранфилче
  • 1/2 лажиче морско оревче

Подготовка

Гарам масала е индиски мешан зачин, кој е најубаво да се направи од цели зрна од наведените зачини, па потоа тие да се сомелат. За поголем ефект, мирис на зачинот, кој сака можи предходно зрната да ги потпечи малку во суво тавче. Му доаѓа како одличен зачин на пилешкото месо, но и во мешавина од јогурт со овес како појадок, можи да се вметни и во зачинети суви колачиња, секако во зависност од вкусот и се разбира, во индиските јадења.
Наведените зачини доколку се во зрно, предходно сомелете ги или пак, ако сте ги набавиле веќе мелени, едноставно измешајте ги и ставете ги во добро затворена кутија која ќе ја чувате на ладно и суво место. Од овие состојки се добива ¼ шолја зачин.
• Доколку користите цели зрна, најдобро ќе ги сомелите со машинка за мелење кафе или шеќер.