Млечна чорба со ориз и моркови
Состојки
- 5 поголеми моркови
- 60гр. ориз
- 1 главица бел кромид
- 1 главица црвен кромид
- 250мл. млеко
- 750мл. зеленчукова супа
- 2 ловорови листа
- 5 гранчиња магдонос
- 4 лажици маслиново масло
- по потреба црн бибер,сол
Подготовка
Исецкајте го кромидот на ситни коцки.
Морковите изрендајте ги.
Во касерола ставете го маслиновото масло, ловоровите листови, кромидот, морковот и оризот.
Пржете ги на среден оган 5 минути.
Потоа налејте ја зеленчуковата супа и варете на тивок оган 15-20 минути.
Откако оризот ќе биде сварен извадете ги ловоровите листови и додајте го топлото млеко.
Вратете на оган и оставете да проврие уште 2-3 минути.
На крај додајте го ситно сецканиот магдонос.
Топло ви ја препорачувам чорбава...на здравје!