Кафе-ванила крофнички
Состојки
- тесто
- 100 мл масло
- 200 мл вода
- 6 лажици брашно
- 3 јајца
- прв фил
- 1 пудинг од ванила
- 4 лажици шеќер
- 400-500 мл млеко
- втор фил
- 1 ќесичка шлаг
- 100 мл млеко
- 1 лажица инстант кафе
- за декорација
- по вкус чоколаден прелив
Подготовка
Додатокот на инстант кафе ги прави поароматични и комбинацијата со ванила е супер.
1. Водата со маслото се става на варење. Кога добро вари го додаваме брашното и со маталка промешуваме. Оставаме да се излади.
2. Пудингот го подготвуваме малку погуст од обично, (значи место 500 мл, може и 400). Се остава на страна.
3. Шлагот исто се проматува во помалку млеко од обично за да биде погуст или може да се измати слатка павлака. На тоа додаваме лажица инстант кафе. Љубителите на аромата може да си стават и повеќе ако сакаат.
4. Тестото од точка 1. го земаме и едно по едно ги додаваме јајцата, миксирајќи.
5. Рерната се загрева на 200 степени, а меѓувремено тестото го редиме во шприц. На ростер тавата не мора ни премачкување, за друга тава може да се стави хартија за печење. Се печат додека не заруменат.
6. Штом се готови се стваат на садот за сервирање, да изладат, филовите ги ставаме во различни шприцеви. Крофните се сечат на половина (хоризонтално) и се полнат со едниот, па со другиот фил. Јас прво ја ставав ванлата зашто е потешка, па шлагот со инстант кафе. Се преливаат со чоколаден прелив.
Јас немав шрпиц, па, користев ќесе на кое му го исеков крајот. Мислам дека е убаво да се знае дека успева и така.