Салата од црни патлиџани со маслинки и сенф
Состојки
- 2 средни црни патлиџани
- 5-6 розеви домати
- 10 зелени маслинки без семка
- 1 кафено лажиче сенф
- 1 чешне лук
- 1/2 кафено лажиче шеќер
- сол по вкус
- магдонос, босилок
Подготовка
Црните патлиџани се мијат убаво и се сечат на тркала со дебелина од 5 мм. На грил тава се пржат со малку масло и се оставаат да се изладат. Розевите домати се лупат и се блендираат. На малку масло се пржат блендираните домати додека се згусне 10 минути најмногу, се додава сецкано лукче, сенфот и маслинките сецкани на тркалца, се додава шеќерот, се посолува и се трга од оган. Се меша убаво и се додава сецкан магдонос и босилок. Во подлабок сад се става малку од сосот па ред црни патлиџани, повторно сос и се така додека се потроши.
На здравје !!!