Крем супа со цикорија
Состојки
- 200 гр. само листовите од цикоријата
- 2 лажици путер
- по 1 кромид и морков
- 2 чешниња лук
- 1 полна лажица брашно
- на вкус сол, бибер
- 3 лажици тестенини за супа
- 3 лажици кисела павлака
- малку магданос
Подготовка
Некаде ќе ја сретнам како цикорија, некаде ендивија, а некаде пак опис дека се блиски сродници, припагаат во групата за зелени салати и велат дека е како елискир на желудникот и црниот дроб, а тоник на организмот. Јас си направив крем супа.
- Ставете во касеролата 1,200 мл. вода во која ќе ставите сосема малку сол. Кога ќе зоврие пропуштете ги измиените листови да се варат - обарат сосема кратко. Извадете ги во решетка и веднаш залејте со ладна вода.
- Додека да проврие водата вие ситно исецкајте го кромидот и нарендајте го морковот, ставете да се лесно запржат, додадете го сецканото лукче, при крај додадете го брашното-нека се пржат заедно.
- Во водата во која се обари цикоријата додадете ги пржениот кромид и морков со останатите состојки- додадете пилешка коцка за буљон. Откако ќе зоврие додадете ја тестинината за супа. Нека се вари.
- Обарените листови цикорија испасирајте ги со пасатор.
- Кога тестенината е сварена додадете ја пасираната цикорија и само кратко нека проврие колку да се спојат состојките. Тргнете од огнот.
- Зачинете со бибер, додадете магданос, бибер... ако не ви е солено досолете.
- Киселата павлака со вилушка разматете ја, земајте од топлатата супа и додадете да се разреди. Вратете во супата, разбркајте. Понатаму значи не се вари.
Напомена
- Наместо тестенина за супа, можете да користите 3 лажици ориз кој ќе го запржите заедно со кромидот и морковот.
- Доколку оцените дека е малку вода и ке биде ептен кремаста, додадете уште малку.