Полнети домати со телешко и ориз
Состојки
- 400гр телешко месо
- 4 раце ориз
- 1 црвена пиперка
- 1 кромид
- 12 домати со средна големина
- сол, бибер, магдонос, вода, сенф
Подготовка
Обично полниме пиперки или бабури и тоа со ориз и мелено месо. Овој пат одлучивме да пробаме нешто поинаку.
- Телешкото месо се сецка на многу ситни парчиња. Се посолува со сол и бибер.
- Црвената пиперка (може и зелена) се сецка на мали коцкички.
- Доматите се сечат на горниот дел кој подоцна ќе претставува капак. Од пресечените домати се одстранува средишниот дел и истиот се ренда или пасира заедно со сокот од доматот и во него се додава сецкан магдонос и се посолува.
- Исецканиот кромид се пропржува и во него се додава месото.
- Се пржи 10-тина минути и во него се додава сокот од доматите заедно со пиперката и една лажица сенф.
- По 10-тина минути се додава и оризот и една чаша вода. Откако ќе испари водата смесата е спремна за полнење на доматите.
- На наполнетите домати им се става малку вода и се затвараат со горниот дел на доматите и се ставаат во тава за печење во која има малку масло за јадење.
- Се печат 90 минути на 200 степени.
Може да се декорираат со павлака.
Кај нас беа 7 домати, и што си е сигурно, останатата смеса ја искорстивме за полнење на црвени пиперки, а јас во рецептот пишав 12 домати зашто уште толку смеса отприлика испадна.
Овој рецепт беше по моја идеја, а за реализација воглавно беше задолжен мојот вереник.