Испечати

Збогатена супа од кесичка

Збогатена супа од кесичка

Состојки

  • 1 готова супа од кеса
  • 1 морков
  • 1/2 корен целер
  • 1/2 корен пашканат
  • листови целер, магдонос, зачин, црн бибер по потреба,маслиново масло
  • 1-1,5литар вода
  • за зачинување
  • 1 јајце
  • 100 мл јогурт
  • 1 лимон

Подготовка

На 1-2 лажици маслиново масло се пропржува ренданиот морков.
Се додаваат пашканатот, целерот.
Се запржува уште 1-2 минути.
Се налива водата се става кесичката супа и се остава на тивко да вари 10 минути.
По вкус се зачинува.
Во сад на страна се промешуваат јајцето, јогуртот, лимонот.
Кога супата е подизладена во млаз се тура со повремено мешање.
Се сервира.