Испечати

Фамилијарна пица

Фамилијарна пица

Состојки

  • 250 мл кисела вода
  • 50 мл млеко
  • 50мл масло
  • 1 коцка квасец
  • 1/4 лажиче пециво
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 500-600 гр брашно
  • 400 гр кашкавал
  • 200 гр шунка
  • 400 гр маринирани шампињони
  • 100-150гр кечап
  • 1 лажица оригано
  • 2 црвени домати

Подготовка

Од оваа доза на тесто и од составот на состојките за фил може да се направат 2 фамилијарни пица во Делимано тава за пица од 33 цм.
Добивате танко тесто, богат фил и одличен вкус.

Во млакото млеко се става шеќерот, квасецот и малку брашно да втаса.
Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува тесто - треба да биде понамеко.
Се остава да кисни 15 минути, потоа се размесува се дели на 2 дела.
Од секој дел се сучи кора широка колку тавата.
Во ненамрсена тава Делимано за пица се става тестото.
Врз него се става кечап, оригано, шунка, рендан кашкавал, шампињони, кругови танко сечен црвен домат.
Се печи на 200 степени 10-15 минути, се во зависност од релната.
Добар апетит