Брза торта со пишкоти и медено срце
Состојки
- 2 паковања пишкоти
- 300 гр медено срце
- 500 мл млеко
- 2 пудинг со вкус на лешник
- 2 лажици шеќер
- 80 гр маргарин
- 100 гр чоколадо
- 100 гр изматен шлаг
- 100 мл бистар сок
Подготовка
Лесна, брза вкусна торта
Најпрво се вари пудингот во млекото со шеќерот до згуснување.
Се трга од оган па се додаваат растопеното чоколадо, маргаринот и убаво се промешува.
Кога ќе се излади се додава шлагот.
Дното на правоаголен калап или тањир се обложува со пишкоти потопени во сок.
Врз него се става од филот.
Врз филот се ставаат медени срца боцнати со чечкалица и натопени со сок.
Повторно се става фил, па пишкоти фил.
По желба се декорира со чоколадо, шлаг.
Се остава во фрижидер 2 часа па се сервира.