Салата од краставици - полжавчиња
Состојки
- 1 краставица
- 1/2 лимон
- 2 парчиња леб
- 4 лукчиња
- сол, копар, масло за јадење
Подготовка
Обожавам салата со краставица и лук, па си реков дај да направам малку понеобична варијанта.
Излупената краставица се сече на округли парчиња кои се режат во форма на полжав.
Лукот се толчи заедно со сол, пола исцеден лимон и масло за јадење.
Лепчињата(во мојот случај од квадратните) се сечат на ленти и се печат на тостер. Кога ќе бидат готови се сечат на поситни парчиња.
Исечените парченца печен леб се мешаат со краставицата и се додава смесата од столчениот лук.
На крај се нанесува од копарот.
Јас декорирав со топка павлака и маслинка.
За вкусот, мислам дека нема потреба да пишувам....