Крем чорба од ориз и компир
Состојки
- 1,5 л вода
- 100 гр ориз
- 300 гр компир
- сув зачин , сол
- лук во прав
Подготовка
Една од моите омилени чорби.
Компирите се лупат и се ставаат заедно со оризот и водата да се варат. Откога се варени се цедат преку цедалка, а водата не се фрла.Оризот и компирите се блендираат во блендер и се вракаат во водата во која се вареа,се посолува се додава лук во прав сосема малку и сув зачин.
На здравје !!!