Сладоледни мафини за деца
Состојки
- 250гр сладолед (по можност ванила, лешник, чоколада, карамела, страчатела)
- 100мл млеко
- 1 круша
- 15 бисквити
- 1 пакетче ресана
- 1 мало пакетче медени колачи
- 80гр бони топ бонбони
- 10 пралине бонбони
Подготовка
Доколку сакате да ги изненадете најмладите со сладолед и благи работи што се јадат посебно ова е рецепт се во едно...
Во длабок сад се ставаат кршените бисквити, сецканите ресани, сецканите пралине бонбони, бони топ бонбоните, сецканите медени колачиња.
Во друг сад се ренда крушата и се пасира со млекото. Подобро би било да биде банана наместо круша ама мене на сред работа ми текна дека немам банана, па зедов круша.
Во испасираното се става сладоледот и се меша додека истиот не се растопи.
Потоа оваа смеса се истура врз состојките од другиот сад и смесата се меша.
Од оваа смеса се полнат калапи до горе (бидејќи нема печење) и се ставаат во замрзнувач.
Откако ќе замрзнат, се спремни за служење.
Брзо, лесно, благо, ладно....
Јас со овие количини на состојки наполнив 18 калапчиња.