Испечати

Домашно лепче

Домашно лепче

Состојки

  • 1 кгр. брашно
  • 40 гр. квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 700-800 мл. вода

Подготовка

За ајварите ќе треба и топло лепче... па кога е домашно, крај му нема.
Ова ме е еден од нај омилените рецепти. Ќе ви се чини тестото доста меко... токму тоа и го прави да е во рубриката на омилените, а и убаво се работи, не е ништо страшно...
Еве како јас го правам лепчето
- Одмерете ја млаката вода, растворете во неа квасецот. (можете да направете и предтесто, но овде тоа јас го одминувам, веднаш замесувам тестото).
- Во брашното додадете ги солта и шеќерот, измешајте. Замесете со водата во која е растворен квасецот, но не ја ставајте одеднаш целата (зависно од типот на брашното некој пат таа количина на вода многу ќе дојде, доволно е да ставите 600 мл. а потоа оценете дали брашното ќе дозволи уште да се дотура. Јас обично замесувам со 700 или 800 мл. вода - но веке сум и навикната на меките теста).
- Оставете да стаса (внимавајте да не ви избега по работната маса )))))
- Кога стаса - размесете го и оставете повторно да стаса, пак размесете и по трети пат нека стаса.
- Кога веќе и по третиот пат стаса.. готово е за размесување, На работната површина посипете повеке брашно и директно земајте од тестото кое е стасано без да го во неа размесете. Земате количина на тесто колку што сметате да ви биде голем лебот. Формирајте или векна или округло лепче, увалкајте го во брашното и преместете го на чаршавче да стои... така направете и со останатиот дел од тестото.
- Додека да стаса сега формираниот леб, вклучете ја рерната на 200 степени, ставете ја во неа тавката во која ќе се истиот пече нека се загрева. Кога е стасан лебот извадете ја добро загреаната тавка, со помош на даската за сечкање префрлете го лепчето во тавката така што горниот дел од лепчето да дојде одоздола- ставете да се пече.
- Јас лепчето го печам 45 минути.
- Печен е кога ќе го подигнете и е лесен како перце или ако тропнете на долниот дел од лепчето да ви удара на празно... извадете го и ставете на чаршафчето, покријте го и барем малку да олади - можете да кршете - не можете да го сечете така топол... ќе го стуткате.
И така.... ова е навистина еден од најомилените ми рецепти. Од ова тесто правам и пастрамајлии, супер се и тие....
Кога ке печете лепче на овој начин ( на загреана тепсија) знајте дека сте ја добро изимитирале земјената фурна.