Испечати

Турлитава во тегла

Турлитава во тегла

Состојки

  • по ваш избор количините на пипер, домати, модар патлиџн, пиперки, бамји, тиквички, моркови, магданос
  • на вкус сол

Подготовка

Нема мерки, се ќе си направите по ваш сопствен избор за количините.
Припремата е многу едноставна....
Ќе исецкате се што Ќе ставате во теглата - осолете, измешајте, наполнете теглите, затворете и пастеризирајте ги за толку време колку што е потребно да се затворат капачките.
Теглите ставете ги во казан со вода. Водата треба да зоврие, капачињата да се вовлечат кон внатре. Јас секогаш ги вадам од вода, ги ставам во кутија во која имам послано ќебе. При редењето секогаш ги превртувам со капачето надоле.
Ви останува потоа само зимата да спремите мевцето, ако сакате компир, кромид - односно направете паприкаш, направете турли-тава.. како сакате така го користете.
Значи нема од продавница конзервата, нема замрзнување... овака природно и домашно.
Нека ви е слатко.