Испечати

Супа од домати

Супа од домати

Состојки

  • 1 кг домати, исечкани на парчиња
  • 1-2 главици кромид, исечкани на парчиња
  • 1-2 чешниња лук, исечкани на парчиња
  • 1-2 пиперки, исечкани на парчиња
  • 1 мала конзерва пелати

Подготовка

Можеби може да забележите колку многу сакам домати. Овој рецепт е како создаден за овие патлиџани кои се продаваат на пазарите. Иако е топло надвор, јас сакам да јадам супи и чорби, а особено ваква, од домати која може да се јаде и ладна. Американците оваа супа од домати ја јадат со тост сендвичиња со кашкавал, па затоа и јас решив така да ја сервирам.

Прво, во тавче за печење ставете го зеленчукот. Зачинете со сол, бибер и маслиново масло и ставете да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени, 25-30 минути, односно додека да биде зеленчукот омекнат.

Кога ќе се испече зеленчукот, префрлете го во тенџере, додадете ја конзервата пелати и ставете 300-350 мл вода. Зачинете дополнително по вкус и оставете да проврие. Кога ќе почне да врие, намалете ја ринглата и оставете да крчка додека да се згусне толку колку што вие сакате. Јас сакам густи чорби и супи така што ставив помалку вода и крчкав некое време.

Сервирајте со тост сендвичиња со кашкавал.