Мики Маус бомбици
Состојки
- 150 гр мелени бисвити
- 150 гр мелени лешници
- 150 гр шеќер во прав
- 30 гр маргарин/путер
- 100 мл сок од портокал
- за глазура
- 150 гр чоколадо
- 1 лажица масло
Подготовка
Уште една идеја за детска забава.
1. Маргаринот и шеќерот се бијат, па се додаваат мелените бисквити и лешници. Се потопува се сок од портокал, па се замесува да се изедначи смесата.
2. Се става во фрижидер да се стегне околу 20 минути, па се прават бомбици.
3. Чоколадото се растопува на пареа, со една лажица масло, па најпрво се прават ушите на Мики. На хартија за печење се цртаат кругови, па се превртува хартијата од другата страна и се прават кругови од чоколадо. За круговите, може растопеното чоколадо да го ставите во најлонска кеса, со ситен отвор и така да ги обликувате и полните круговите.
4. Секоја бомбица се прелива со растопено чоколадо, се остава малку да се стегне чоколадото, па се ставаат ушите.