Испечати

Свински вешалици со пикантен вкус

Свински вешалици со пикантен вкус

Состојки

  • 800 гр свинско месо - каре или бут
  • 500 гр маринирани шампињони
  • 100 мл бело вино
  • вода, маслиново масло, бибер, сол, мешан сув зачин, мелен ѓумбир, сенф, куркума

Подготовка

Свинското месо се сечи на парчиња.
Се зачинуваат со маслиново масло, сол,куркума, бибер, сенф, мелен ѓумбир, мешан зачин и така нека одстојат околу 10-12 часа во фрижидер.
Во истиот сад каде се маринирале (кај мене беа во касерола) се пропржуваат на маслиновото масло во кое се маринираа.
Се пржат се додека не испари сопствената течност од месото.
Потоа се налива белото вино, по потреба и вода и се крчка на тивко оклу 1-1,30 минути.
Пред крај се додаваат шампињоните и повторно се наросува со мелен ѓумбир.
Се сревираат со пире, со пржен компир, со сезонска салата.....