Испечати

Сок од морков и јаболка

Сок од морков и јаболка

Состојки

  • 1 кг моркови
  • 1 кг јаболка
  • 2 пакетчиња лимотус
  • 800 гр шеќер
  • 9 литри вода

Подготовка

Оваа рецепта за сок ми ја даде сестра ми, толку прекрасно изгледаше што не можев да одолеам да не го подготвам, брзо се прави, а се добива преубав сок.
Морковите и јаболката се лупат и се ставаат со 3 литра вода да се варат додека омекнат. Откога се сварени се блендираат во блендер убаво да стане како пире и се враќа во тенџерето, се додава уште 6 литри вода, шеќерот и лимонтусот и се врака на оган да зоврие. Откога ке почне да врие еднаш се вади пената и се трга сокот од оган, се остава да се излади и се собира во пластични шишиња, се чува во замрзнувач.
Јас видов малку мака додека го направив бидејки заборавив да ги излупам јаболката, па ги лупев кога веќе беа сварени, како и да е се исплатеше трудот.
На здравје