Панзанела - Италијанска салата со домати и леб
Состојки
- 6 парчиња бајат леб, исечкан на коцки
- 6 домати, исечкани на коцки
- 1/2 кромид, исечкан на полумесечинки
- 1 чешне лук, истолчено
- 2-3 лажици вински оцет
- 3-4 лажици маслиново масло
Подготовка
Да можам, оваа салата би ја јадела до крајот на летото, односно додека има убави, сочни и зрели патлиџани. Топло ви препорачувам да ја направите, ако досега не сте ја пробале или не сте знаеле за оваа салата. Италијанците дефинитивно знаат што и како да јадат.
Прво, во длабок сад ставете ги исечканите парчиња леб и врз нив ставете маслиново масло. Не штедете на маслиново, затоа што тие треба да се испржат на некој начин. Обидете се секое парче леб да има масло на него. Така спремни, ставете ги во тавче за пржење и на среден оган пржете ги додека да поруменат и станат крцакви. Пред крај, ставете малку рендан пармезан или друг тврд кашкавал, исклучете од оган и измашајте. Кога ќе бидат румени и крцкави, оставете сосема да се оладат.
За тоа време, патлиџаните зачинете ги со сол, бибер, оцет, маслиново масло, кромид и лукче. Измешајте ги убаво и ставете ги во фрижидер за да почнат да пуштаат од нивниот сок.
Оладените парченца леб измешајте ги со салатата додека да се потопат во сокот од доматите. Сервирајте веднаш и уживајте.
Верувајте дека нема ич да зажалите ако ја направите.