Пржени полнети обланди
Состојки
- 1 лист обланда
- 100 гр кашкавал
- 100 гр шунка
- 3 супени лажици кечап
- за поховање
- 1 јајце
- 100 гр презла
- масло за пржење
Подготовка
Обландата се покрива со влажна крпа за да омекне. Кашкавалот и шунката се рендаат. Омекнатата обланда се премачкува со кечап, се додава низ цела површина кашкавал и шунка и се витка ролат. Со остар нож се сечат сечат парчиња со дебелина од 1 цм , се валкаат во изматено јајце, па во презла и се пржат на врело масло.
На здравје !!