Испечати

Паштета од грашок и ориз

Паштета од грашок и ориз

Состојки

  • 500гр грашак
  • 300гр ориз
  • 3-4 главици кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • по вкус сол и бибер
  • по желба зачини чубрика, ким, коријандер

Подготовка

Додека се чудев што да правиме со толку многу грашак од бавча, си го смислив рецептов и многу сум среќна!

Грашакот и оризот се варат посебно. Грашакот во тенџере, залеан со вода колку да го покрие, а оризот во размер 1х3, значи 300гр ориз се вари во 900мл вода.
Во блендер се ставаат сите состојки и убаво се пасира. Готово!
Може да се јаде веднаш, како намаз, како додаток со месо и директ со сркање од централа =))

Пастеризирањето е исто како и за секоја друга зимница.
1. Се става во тегли, се затвара убаво со капак и може да се нареди во рерна на 100 степени окулу 1-1,5 часа, па се гаси рерната и се остава полека да се лади
или
2. Убаво затворените тегли се редат во шерпа или тенџере, се ставаат теглите и се долева вода додека не стигне до врвот на теглите. Се варат додека не почне водата да врие, се осава 10-20 мин, се гаси огнот и се остава убаво да се олади.
или
3. Ја загревате паштетата да почне да врие, ја сипате во топли тегли, убаво ги затварате капаците и ја ставате во топла рерна полека да се ладат или ги виткате во ќебе полека да се ладат.

Можете слободно да ја правите и од око паштетава, само пожелно е да доминира грашакот, па нека има помалку ориз.