Испечати

Џем од дудинки (црници)

Џем од дудинки (црници)

Состојки

  • 5 кг дудинки (бели или црни)
  • окулу 2,5 кг шеќер
  • По желба
  • малку мелен цимет и/или мелено каранфилче

Подготовка

Многу едноставно, брзо и вкусно џемче. Го правиме прв пат и презадоволни сме од вкусот, а задоволни се и тие на кои што им подаривме тегла. Сите кои што го пробаа уште се живи и здрави. Експериментот успешен =))

Како и секој друг џем, односот на овошје и шеќер почнува со 1 кг овошје и 500 гр. шеќер. Тоа е основниот минимум за да биде добро конзервирано, а да не се користат хемиски конзерванси и џемфикс.

Дудинките ставете ги во блендер, сечко или што и да користите за пасирање и убаво испасирајте ги да добиете еднолична смеса. Ставете ги во садот во кој што ќе ги варите и почекајте да зовријат.
Штом зовријат додадете го шеќерот и мешајте убаво да се соедини. Кога смесата убаво ќе се згусне, пробајте оладен џем дали е доволно благ на вкус. Ако не е благ, додадете шеќер по вкус. Претурете во топли тегли, затворете убаво со капаче и ставете ги да се ладат полека за поубаво да се вакумираат.
Можете да ги завиткате во ќебе или како што правиме ние по дома со се што треба да се вакумира - пуштете ја рерната на 50 степени и врелите тегли наредете ги во рерната. Нека постојат окулу еден час со вклучена рерна, потоа изгасете ја и оставете ги цела ноќ да се ладат полека.

Овој џем убао ќе се вклопи со малку зачин каранфилче или цимет, колку за шмек. Ако сте љубители, можете да додадете во помал дел од готовиот џем, половина или помалку, пред да ги спакувате.

Толку е. Реков дека е лесно.