Лутица
Состојки
- 7 кг црвени ајварски пиперки
- 5 кг црвени домати (по можност индустриски)
- 500 мл масло за јадење
- 300 мл оцет бел 9%
- 1 рака јадра сол
- 250 гр шеќер
- 100 гр феферонки
- 1 главица лук
- 1 китка магдонос
Подготовка
1. Пиперките се печат, се лупат и се оставаат да се цедат
2. Доматите се попаруваат со врела вода да омекнат, се лупат и се рендаат или ситно се сечкаат
3. Доматите заедно со маслото за јадење, солта, шеќерот и оцетот се ставаат во тава на огин да зовријат
4. Откако ќе зовријат, се оставаат да вријат на потивок огин околу 90 мин со повремено мешање
5. Се додаваат пиперките кои се исечени на парчиња по должина (со дебелина околу 1 см) и се остава лутицата да поврие уште 30-тина минути
6. Се додаваат феферонките (може пола да бидат цели, а другата половина да се исечкаат на поситно ако сакаме лутицата да биде полута) и се пропржува уште 5 мин
7. На крај се додава магдоносот и лукот ситно исечкани, се промешува да се соединат со лутицата и се трга од огин
8. Додека е врела лутицата се собира во загреани тегли и веднаш се затвараат теглите со капачиња
............Јас секоја тегла ја обвиткувам со весник за ладењето да биде побавно на теглите и така подобро да се створи вакум на истите, бидејќи теглите не ги зовривам