Испечати

Мармелад од кајсии и црни сливи

Мармелад од кајсии и црни сливи

Состојки

  • 2 кг кајсии (замрзнати)
  • 3 кр црни сливи
  • 1.5 кг шеќер
  • 1-2 ванилин шеќер

Подготовка

1. Кајсиите и црните сливи се мелат во блендер (пасираат)
2. Се ставаат во тенџере на огин заедно со шеќерот и се вари мармеладот се додека не згусне, со повремено мешање да не запече
3. Додека е врел мармеладот го собирам во загреани тегли и веднаш ги затварам со капачиња.
4. Теглите ги превртувам наопаку - да лежат на капачињата за подобро да си створат вакум, се додека се изладат.
СОВЕТ - овој мармелад го имам подготвувано и со џем-фикс (3 пакетчиња за оваа доза). Тогаш варењето на мармеладот е многу пократко, бидејќи само што ќе зоврие овошјето со шеќерот, го оставам 10-тина минути да врие и веднаш го додавам растворениот џем-фикс. Потоа го оставам на огин само уште најмногу 5 мин и го тргам од огинот и веднаш додека е врел го собирам во загреани тегли и веднаш затварам со капачиња. Мармаладот на овој начин е течен кога се собира во теглите, но откако ќе излади, си ја добива потребната густина.