Испечати

Печени шампињони со фил

Печени шампињони со фил

Состојки

  • 500гр. свежи шампињони
  • 1 главица кромид
  • 200гр. сецкана шунка
  • 200гр. рендан кашкавал
  • 100гр. сецкано пилешко филе
  • 100мл. црвено вино
  • 100гр. кисела павлака со висока масленост
  • сол,црн пипер,оригано по вкус
  • малку сецкана чајна
  • околу 500мл.вода

Подготовка

Омилени кај нас дома и многу често спремани. Најубаво е ако најдите големи шампињони, ем брзо се спремаат ем поубаво некако ми изгледаат во тацна кога ќе се стават. Јас не најдов, па мораше да си полнам малечки.
Најпрво измијте ги убаво и одделете ги рачките од секоја печурка. Рачките ситно исецкајте ги. Кромидот ситно исецкајте го и убаво испржете го и потоа додадете ги сецканите рачки. Ставете ги саламата, филето, зачинити и виното. Масло турете одприлика значи не е со мера и пржете уште кратко. Пред да ја тргните тавата од оган ставете го кашкавалот и павлаката и убаво измешајте. Секоја печурка наполнете ја со филот и наредете ги во ватростален сад, турете ја водата, маслото и ставете ја меѓу печурките сецканата чајна и печете на 200 степени се додека не испари сета течност од садот.