Пастрмка заспана на зеленчук
Состојки
- 1200 гр пастрмка
- 700-800 гр кромид
- 4-5 чешниња лук
- 1 домат
- 5-6 моркова
- 7-8 бамји
- 2-3 зелени пиперки
- 150 гр грашок (обарен)
- 100 гр пченка(замрзнатаи обарена)
- 1/2 тиквичка
- 5-6 компира
- малку зрна бибер
- 3-4 лажици мешан зачин
- 1-2 лажичиња јадра сол
- 100 мл бело вино
- 30-40 мл вода
- неколку гранчиња брокула
Подготовка
1. Рибата се чисти, се мие и се посолува и зачинува
2. Кромидот се сечка на подебели месечинки и се распоредува низ целата тава
3. Врз кромидот се реди целиот останат зеленчук исечкан на парченца
Се посолува и зачинува зеленчукот
4. Врз него се редат рибите
5. Се попрскува зрна бибер врз се
6. Се полева со бело вино и вода
7. Се поклопува со фолија и се става да се пече во рерна на 250 С
8. При крајот на печењето се вади фолијата за добро да се запече рибата и да фати златеста боја