Експрес брзи крофничиња
Состојки
- 4 јајца
- 2 филџанчиња јогурт
- 4 филџанчиња брашно
- 1 прашак за печиво
- 3-4 лажичиња шеќер
- 1/2 лажиче сол
- За декорација
- 50 гр прав шеќер
- малку чоколаден прелив
Подготовка
1. Јајцата се матат со шеќерот и солта
2. Се додава јогуртот и се меша да се соедини
3. Се додава и брашното со пецивото и се се меша со рачна маталка
.....Оваа смеса не семеси со рака.Тестото е течно, па затоа се става со лажиче.
4. Со лажиче се става во врело масло за јадење да се пржат
5. Се вадат од маслото и се ставаат во чинија да се исцеди вишокот масло
6. Се посипуваат со шеќер вп прав и се декорира со чоколаден прелив
7. Крофните ги имаме на трпеза за 20-30 мин...брзи и вкусни
(филџанчињата се 80-100мл)