Грчка мусака во мали грненца
Состојки
- 400 гр мешано мелено месо
- 1 главица сецкан кромид
- 1 сецкан морков
- 1-2лажици маслиново масло
- сол, бибер, зачин, магдонос , црвен пипер
- 70 гр ориз
- 1 танок црн домат
- за тесто бешамел
- 30 мл маслиново масло
- 1лажица брашно
- 200 мл јогурт
- 100 мл млеко
- 1лажица пармезан
- морско оревче, оригано, бибер, зачин
- 150 гр кашкавал
Подготовка
Најпрво се лупи црниот домат и се сечи на кругови.
Се пропржува на загреано масло и се става на хартиени салфети.
На страна врз маслиново масло се запржуваат кромидот, морковот, па се додава месото и се пржи да испари течноста.
Се зачинува.
На крај се додава оризот, црвениот пипер. Се промешува.
(може оризот претходно да се обари, исцеди и измие)
На страна во мала касерола се става маслиновото масло, се додава брашното, се запржува и се наливаат јогуртот и млекото.
Се вари на тивко до згуснување. Се зачинува со грчките зачини и се додава пармезанот.
Сега во 2 земјени тавчиња се дели количината на месо.
Врз нив се редат пропржените кругови црн домат,
Јас ставив жив ориз па додадов по околу 70-80 мл вода и ги ставив во релна на 15 минути.
Потоа се вадат грненцата се покриваат црните домати со бешамел сосот, се ставаат ленти кашкавал и се запекуваат уште 15 минути.
Напомена- штедете на масло за да не бидат многу мрсни.