Маринирани тиквички
Состојки
- 5 кг тикви
- 3,5 л вода
- 6 лажици сол
- 5 лажици шеќер
- 300 гр. оцет
Подготовка
Тиквичките исечете ги по желба, можете на кругчиња, на коцки на полукругчиња.
Во тегла ставете лавров лист, бибер во зрно, магдонос и тиквичките.
Сварете ја маринадата, во тенџере ставете 3,5 литри вода, сол и шеќер. Кога ќе зоврие водата ставете оцет.
Зовриената маринада ставете ја во теглите со тиквички додека е жешка веднаш затворете ги.
Наредете ги теглите во големо тенџере налијте вода и ставете да зовријат, нека повријат 5 минути. Теглите соберете и ставете под ќебе да истинат.