Испечати

Брза непечена лешник тортичка

Брза непечена лешник тортичка

Состојки

  • Пандишпан
  • 1 готов ролат со фил од лешник
  • Фил
  • 800мл млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 3 пудинга од лешник
  • 150 гр маргарин

Подготовка

1. Еве една едоставна, брза, лесна, а вкусна тортичка која ја направив за 10тина минути, а за 5 мин ја снема.
2. Готовиот ролат исечете го на кругови и наредете го како подлога во плех со обрач.
3. Од млекото одвојте 100 мл и во него растворете ги пудинзите. Останатото мелко со шеќерот ставете ги да зовријат, па потоа додадете го пудингот и варете додека да се згусти. Тргнете го од оган и додадете го маргаринот, претходно стоен на собна температура и мешајте со лажица додека да се растопи маргаринот. Нека малку се подизлади филот, па потоа нанесете го врз подлогата од ролатот и ставете го на неколку часа во замрзнувач. Кај нас стоеше околу 3 ипол часа, ни се брзаше да го пробаме.
4. Отпосле се сетив дека требаше да додадам во филот мелени потпечени лешници...ммм сигурно поубаво би било така, ама дека брзав да ја направам, ги заборавив, ај следен пат.